“ОДИМЕ КОН ГОЛЕМА КРИЗА“ – Виктор Орбан има маестрален план за “уништување“ на Европската унија кој може да се оствари !?

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, редовно ја турка Европската унија до работ, а дипломатите сега стравуваат дека неговото непријателство кон Украина ќе го турне блокот во голема бездна. 

Самитот треба да се одржи во средината на декември, каде што лидерите на ЕУ треба да донесат историска одлука за прифаќање на Украина и со тоа да го запечатат клучниот буџетски договор и да му фрлат на Киев „гума за спасување“ од 50 милијарди евра. Тој Самит треба да испрати порака до САД дека, и покрај политичкото одвлекување на вниманието од војната на Блискиот Исток, ЕУ останува целосно посветена на Украина.

Но, тие планови може да ги расипе Виктор Орбан, човек кој одржува блиски врски со претседателот на Русија, Владимир Путин, и за кој многумина веруваат дека ја поткопува демократијата и владеењето на правото во Унгарија. Тој бара целиот процес да биде запрен додека водачите не се согласат на генерален преглед на поддршката на ЕУ за Киев. Ова ги загрижува лидерите на ЕУ. Иако Унгарија претставува само два отсто од населението на ЕУ, Виктор Орбан може да ја држи во заложништво целата ЕУ. Тој е најгласниот противник на санкциите против Русија по анексијата на Крим од Владимир Путин во 2014 година.

слика
Виктор Орбан и Владимир Путин

Одиме кон голема криза“, изјави висок претставник на ЕУ за угледниот Politico кој сакал да остане анонимен.

Еден висок дипломат на ЕУ предупредил дека ова може да биде еден од најтешките европски Самити односно состаноци.

Петер Креко, директор на Институтот за политички капитал со седиште во Будимпешта, вели дека Виктор Орбан чекал Европа да разбере дека не може да победи во војната во Украина и дека Киев мора да направи отстапки.

Сега чувствува дека доаѓа неговото време бидејќи во многу земји од ЕУ јавното мислење покажува дека луѓето се уморни од Украина“, додава Петер Креко.

Теоретски, постои опција Унгарија да се исклучи од политичките одлуки на ЕУ, но земјите сметаат дека тоа би довело до неединство и поделеност во ЕУ. Засега се чини дека европските лидери се обидуваат да постигнат компромис, пишува Politico.

Претседателот на Европскиот советШарл Мишел, отпатува за Будимпешта претходно оваа недела на двочасовна дискусија со Виктор Орбан.

Некои европски дипломати ги толкуваат заканите на Виктор Орбан како стратегија за зголемување на притисокот врз Европската комисија, која задржува 13 милијарди евра од фондовите на ЕУ за Унгарија, поради загриженоста дека земјата ги крши стандардите на ЕУ за владеење на правото.

Други велат дека Виктор Орбан често бил игнориран или прикажуван само како марионета на Владимир Путин. Сега некои лидери на ЕУ велат дека, по заминувањето на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел и некои други политичари од Словачка, Полска, Унгарија и Чешка, нема кој да се „грижи“ за Виктор Орбан, па тој сега ја поткопува ЕУ одвнатре.

ЕУ сега размислува како да се справи со унгарските закани.

Брисел теоретски би можел да започне т.н постапка од член 7 на ЕУ против Унгарија. Ова се користи кога се смета дека една земја е изложена на ризик да ги прекрши основните вредности на Европската унија. Некои ја нарекуваат „нуклеарна опција“ бидејќи ја предвидува најсериозната санкција што блокот може да ја воведе на земја-членка: суспензија на правото на глас за одлуките на ЕУ.

Меѓутоа, во Брисел стравуваат дека активирањето на членот 7 против Унгарија може да предизвика дури и ефект на „снежни топки“ и да доведе до излегување на Унгарија од ЕУ. Дипломатите сега размислуваат за други начини.

Една опција е 50-те милијарди евра од 2024 до 2027 година за Украина да се поделат на помали износи на годишно ниво. Но, тоа би испратило лош политички сигнал.

Министерот за надворешни работи на ЛитванијаГабриелиус Ландсбергис, изјави за Politico дека е јасно дека постои зголемена загриженост за политичката поддршка на ЕУ за Украина.

Прво беше Унгарија, а сега неколку земји се сомневаат дали има начин“, вели Габриелиус Ландсбергис.

Претседателот на украинскиот парламент, Руслан Стефанчук, се осврна на унгарските приговори:

Украина влегува во Европската унија и ги следи сите препораки. Сакам да бидам сигурен дека сите земји-членки го почитуваат напредокот што го постигна Украина“, вели тој.

Последната опција е класичната опција на ЕУ: клучните одлуки за украинската политика да се истуркаат до почетокот на следната година. Сепак, некои дипломати сметаат дека ваквото одложување би довело до разговор за нарушено единство на ЕУ, но всушност тоа не би било проблем.

Купувањето време сепак е незгодно поради претстојните европски избори во јуни следната година.

Поплава од напади врз Брисел доаѓа од Будимпешта, а последниот пример е агресивната евроскептична рекламна кампања со постери на кои е прикажана Урсула фон дер Лајен до Александар Сорос, синот на Џорџ Сорос, со реченицата: „Да не танцуваме по нивната мелодијата“.

Никој не се чувствува удобно со она што се случува во Унгарија. Кога Виктор Орбан го прашува својот народ многу работи, тој не го прашува ова: ако ЕУ е многу полоша од СССР, зошто не ја напуштиме ?“, вели еврокомесарот за буџет, Јоханес Хан.

Но, се чини дека Виктор Орбан е повеќе склон да ја поткопа ЕУ одвнатре, наместо да излезе како што направи Велика Британија. Тој се повеќе го чувствува ветерот во грб, особено по неодамнешните изборни резултати во Словачка и Холандија.

Виктор Орбан ја игра долгата игра. Со Герт Вилдерс, еден или двајца други екстремно десничарски лидери во Европа и потенцијалното враќање на Доналд Трамп во САД, тој наскоро може да биде помалку изолиран отколку што мислиме“, изјавил висок претставник на ЕУ за Politico.