Ердоган разговараше со Вучиќ и Курти: Повика за зајакнување на дијалогот

Според соопштението на турската Дирекција за комуникации, Вучиќ и Курти му честитале на Ердоган за реизборот за претседател.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговарал со српскиот претседател Александар Вучиќ и со косовскиот премиер Албин Курти.

Според соопштението на турската Дирекција за комуникации, Вучиќ и Курти му честитале на Ердоган за реизборот за претседател.

Лидерите разговараа и за билатералните односи и регионалните прашања.

Претседателот Ердоган истакна дека напредокот во процесот на дијалог е единствениот начин за воспоставување постојан мир и стабилност во регионот во контекст на настаните на северот на Косово.

Ердоган додаде дека Турција е подготвена да придонесе во процесот на дијалог.

Во општините на северот на Косово населени претежно со српско население, од понеделникот се зголемија тензиите, кои прераснаа во насилство.

Локалните Срби се собираат на протести за да го изразат своето незадоволство од изборот на нови градоначалници и бараат повлекување на специјалните единици на косовската полиција од општинските згради.

НАТО најави испраќање дополнителни војници на Косово.