Ердоган телефонски разговарал со Путин: Во Украина треба да се воспостави праведен мир

Ердоган му се заблагодари на Путин за неговата солидарност по разорните земјотреси во јужна Турција.

Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, јавува Анадолија.

Дирекцијата за комуникации на Претседателството на Турција соопшти дека Ердоган и Путин разговарале за состојбите поврзани со земјотресите во Турција и војната во Украина, која започна пред точно една година.

Ердоган му се заблагодари на Путин за неговата солидарност по разорните земјотреси во јужна Турција.

Нагласувајќи дека треба да се воспостави праведен мир без дополнителни загуби на животи и уништување во руско-украинската војна, Ердоган рече дека Анкара го поддржува заживувањето на иницијативата во Истанбул.