Ѓукановиќ и Бечиќ влегуваат во трката за претседател на Црна Гора

Претседателските избори во Црна Гора се закажани за 19 март.

Лидерот на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ и лидерот на Демократска Црна Гора, Алекса Бечиќ, вечерва пред нивните партии и официјално беа предложени за кандидати за претседател на Црна Гора, јавува Анадолија.

Претседателските избори во Црна Гора се закажани за 19 март.

Ѓукановиќ и Бечиќ, како што соопштија од ДПС и Демократска Црна Гора, биле предложени едногласно.

Државната изборна комисија досега ги утврди кандидатурите на лидерот на Нова српска демократија и еден од лидерите на ДФ, Андрија Мандиќ и на пратеничката на СДП, Драгиња Вуксановиќ Станковиќ.

Рокот за поднесување кандидатури е 26 февруари.