Ердоган: Турција ќе задоволи речиси 30 отсто  од годишните потреби за плин

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави во четвртокот дека целосниот капацитет за експлоатација на гасот од Црното Море ќе надомести речиси 30 отсто од вкупните потреби на Турција.

Говорејќи на церемонијата на пуштањето во погон на црноморското наоѓалиште на природен плин, Ердоган рече дека Турција прави „историски чекор кон енергетската независност“ .

Како што рече, додека на другите места во светот по пронаоѓањето на употребата на плин се чека шест-седум години, неговата земја воспоставува темпо со кое тоа успеало за помалку од три години.

„Кога ќе го достигнеме целосниот капацитет, на овој начин ќе можеме да задоволиме речиси 30 отсто од годишните потреби на нашата земја. Во првата фаза од црноморското наоѓалиште Сакарија ќе извлекуваме 10 милиони кубни метри природен гас дневно, додека со други дупчења таа цифра ќе достигне 40 милиони“, рече Ердоган, пренесе ТРТ Бачкан.

Ердоган понатаму рече дека природниот гас на Црното Море не само што значително ќе ја намали зависноста на неговата земја од странски природен гас, туку и „ќе ги направи Филјос и Зонгулдак важен енергетски центар“.

Турскиот претседател порача дека граѓаните за користење во примарните потреби на домаќинствата, првенствено во кујна, ќе имаат бесплатен плин во текот на година дена.

Во август 2020 година, 320 милијарди кубни метри природен плин откриени се во локалитетот Туна-1 на плинското поле Сакарја во Црното море, што го чини најголемо откритие на тој енергенс во историјата на Турција.

Со дополнителните 85 милијарди кубни метри откриени во октомври 2020 година, вкупната количина на откриените резерци изнесуваше 405 милијарди кубни метри.

По откритието на 135 милијарди кубни метри во локалитетот Амасра-1 во јуни 2021 година, резервите на црноморскиот плин изнесуваа 540 милијарди кубни метри.

Уште 58 милијарди кубни метри гас пронајдени се во декември 2022 година во локалнитетот Чајчума-1 во југозападниот дел на Црното море.

Независната проценка покажа дека турските резерви на плин во Црното море ќе достигнат 710 милијарди кубни метри, со пазарна вредност од околу милијарда долари.