Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска повтори дека неговата земја се согласува со влезот на Финска во НАТО, но не и на Шведска, на која и порача „да не се обидува залудно“.
Ердоган истакна дека процесот за Финска го оценува како позитивен.
Но, ние не гледаме позитивно на Шведска … Сè додека вие и вашите безбедносни сили дозволувате да ја запалат и кинат мојата света книга, ние нема да се согласиме со вашето приклучување во НАТО, потенцира Ердоган.
Турција со месеци го блокира влезот на двете нордиски земји во НАТО, бидејќи за тоа е потребна согласност од сите членки на Алијансата