ЕРДОГАН ЈА РЕСЕТИРА ЗАПАДНАТА МАШИНЕРИЈА! „Ја чекавме ЕУ 50 години, немам причина да не и верувам на Русија“

Јасна порака од турскиот лидер.

Турскиот претседател смета дека украинската криза ќе трае долго, нагласувајќи дека соработува со Русија и и верува „ни помалку од Западот“.

– Немам причина да не им верувам (на Русија). Колку што е доверлив Западот, толку е и Русија. Во последните 50 години стоевме на прагот на Европската унија и во овој момент ѝ верувам на Русија ни помалку ни повеќе отколку на Западот – изјави Таип Реџеп Ердоган во интервју за Би-Би-Си.

 Половина од увозот на природен гас доаѓа од Русија, што значи наша солидарност. Одиме напред со заеднички чекори, соработуваме и во одбранбената индустрија. Сето тоа можеме да го направиме заедно со Русија – додаде претседателот.

Според него, Анкара и земјите-членки на ЕУ имаат различни ставови за Руската Федерација.

 Русија е еден од моите најблиски соседи. Имаме и заедничка историја – рече Ердоган.

Тој смета дека конфликтот во Украина „ќе трае долго“. Сепак, Турција се надева дека тоа „ќе заврши што е можно поскоро“, рече претседателот.

Ердоган нагласи дека Москва „навистина сака да стави крај на конфликтот што е можно поскоро“.