ЕРУПТИРАШЕ НАЈГОЛЕМИОТ ВУЛКАН ВО ЕВРОПА – Етна исфрли жешка лава: Итно прогласена состојба на готовност
Вулканот Етна на Сицилија еруптираше во текот на ноќта, исфрлајќи жешка лава, но нема големи облаци од пепел над италијанскиот медитерански остров и нема извештаи за штета.
Операциите на аеродромот „Катанија“ на островот продолжија како и обично во саботата наутро, иако италијанскиот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ) го подигна нивото на тревога од жолто на портокалово.
Оддалеку може да се види блескавата лава и остатоци кои биле исфрлени во темнината, а потоа полека течат по планината.
Вулканот е особено активен во близина на југоисточниот кратер.
Етна е најголемиот активен вулкан во Европа, висок околу 3.300 метри.