ПО 52 ДЕНА ПАУЗА, ВО КИЕВ ПОВТОРНО “ДОЖД ОД РАКЕТИ“ – Русија го изврши првиот голем ракетен напад врз главниот град на Украина по долга пауза

Во саботата Русија го изврши својот прв ракетен напад врз главниот град на Украина, Киев, и околниот регион по неколку недели и ги нападна источниот и јужниот дел на земјата со беспилотни летала, соопштија украинските власти.

Првиот човек на воената управа на градот КиевСерхиј Попко, изјави дека околу 8 часот наутро била лансирана руска балистичка ракета кон главниот град.

По долга пауза од 52 дена, непријателот продолжи со ракетните напади врз Киев“, вели Серхиј Попко во објава на социјалната мрежа Телеграм.

Ракетата не успеа да стигне до Киев, против-воздушната одбрана ја собори додека се приближуваше до главниот град“, тврди Серхиј Попко.

Серхиј Попко вели дека во главниот град нема жртви или поголеми штети.

Руслан Кравченко, регионален гувернер на централниот регион Киев, вели дека се оштетени пет приватни куќи и неколку деловни згради во областа. Тој кажа дека две руски ракети го погодиле полето меѓу населбите.

Украинската воздушна одбрана собори и 19 беспилотни летала „Шахед“ од иранско производство од 31 лансирани од руските сили во ноќен напад врз јужните и источните региони, се вели во соопштението на воздухопловните сили.

Олех Кипер, регионалниот гувернер на Одеса, кажа дека јужниот регион бил нападнат со проектили и беспилотни летала во петокот навечер и во текот на ноќта.

Во нападите се ранети три лица, а оштетени се и пристанишните инфраструктурни објекти“, објави тој, без да даде дополнителни детали.

Русија го засили бомбардирањето на украинските пристаништа, вклучително и Одеса, и житната инфраструктура од јули кога Москва се повлече од Црноморската иницијатива за жито, договор за време на војната што му овозможи на украинскиот извоз да стигне до многу земји кои се соочуваат со закана од глад.