Ескалираат протестите во Кочани: Демолирано кафулето на сопственикот на ноќниот клуб ,,Пулс” (видео)
Ескалира тензиите во Кочани по пожарот во ноќниот клуб Пулс, во кој загинаа 59 лица, а 155 се повредени.
Неколку демонстранти, извикувајќи „убијци, убијци“, демолираа дел од зградата на Општина Кочани, а потоа и кафуле кое наводно е во сопственост на сопственикот на клубот.
Да потсетиме дека вчера рано избувна пожар во ноќен клуб во македонскиот град Кочани, при што загинаа 59 лица, а повеќе од 150 беа повредени, откако искри го запалија покривот над бендот што настапуваше.
Во моментот на пожарот во клубот имало 500 луѓе, а биле продадени 250 билети.