ЕСКПЛОЗИВНА ИЗЈАВА ОД ИНТЕНЗИВНА НЕГА – Силвио Берлускони се огласи од болницата: “Тешко е, но ќе успеам уште еднаш!“

Поранешниот премиер на Италија, Силвио Берлускони соопшти дека верува оти ќе ја надмине белодробната инфекција предизвикана од хроничната леукемија, поради што тој во моментот се наоѓа на интензивна нега, објави денеска весникот Il Giornale.

Тешко е, но ќе успеам уште еднаш“, изјавил 86-годишниот медиумски магнат во телефонско интервју со главниот уредник на весникот Аугусто Минколини.

Успеав да се издигнам и во други чуствителни и тешки ситуации“, рекол Берлускони, објавува весникот.

Берлускони, кој три пати беше премиер, ја помина втората ноќ на интензивна нега во болницата „San Rafaele“ во Милано, каде што докторите вчера во медицинскиот извештај констатирале дека тој има леукемија веќе „извесно време“ и дека ракот на крвните клетки е во перзистентна хронична фаза.

Соопштението беше официјално објавено од лице блиско до докторите откако Силвио Берлускони беше примен во болница во средата.

Сегашната стратегија предвидува третман на белодробна инфекција како и специјализиран третман насочен кон ограничување на негативните ефекти од хроничната леукемија“, се наведува во медицинскиот извештај.

Утринава министерот за надворешни работи Антонио Тајани, повикувајќи се на личниот доктор на Силвио Берлускони, Алберто Кангрило, извести дека тој е свесен и добро реагира на лекувањето. 

Антонио Тајани е координатор на партијата „Форца Италија“, која Силвио Берлускони ја формираше пред околу 30 години.

Силвио Берлускони, чија партија е дел од коалицијата што ја поддржува Владата на премиерката Џорџија Мелони, во последно време често оди во болница. Поранешниот премиер со години има пејсмејкер, а во 2016 година повторно му беше извршена интервенција на срцето.