НЕВЕРОЈАТНА ПРИКАЗНА – Жената која брутално го избодела до смрт нејзиниот сосед поради синот, пречекана како херој по излегувањето од затвор: “Навистина сум трогната…“

Сара Сендс од Велика Британија го убила својот 77-годишен сосед Мајкл Плаистед кон средината на 2015 година.

Осудена е на три и пол години затвор, но сите останати соседи застанале во одбрана на неа и ѝ приредиле незаборавен пречек кога била пуштена на условна казна, пишува весникот The Sun.

Причината за ова лежи во мотивите на ова убиство. Сара во 2015 година слушнала и видела дека нејзиниот сосед малтретира деца на улица. Доказите набрзо пристигнале, кога пријателката и кажала дека Плаистед се обидел да го малтретира нејзиниот син во локалната продавница.

Ситуацијата дополнително ескалирала кога синот на Сара и рекол на мајка си дека – „чичко Мајкл се обидел да го допре и бакне“.

Кога нејзиниот син повторно ѝ кажал во средината на 2015 година дека Мајкл го бркал низ зградата, го задевал и му рекол дека еден ден ќе биде негов, Сара решила да ја превземе ситуацијата во нејзини раце.

Земала кујнски нож, отишла до неговата врата и го избодела до смрт. Осудена е на три и пол години затвор, но бројни мајки од соседството пријавиле дека Плаистед е злосторник и благодарение на тоа била пуштена на условно.

Мајките од околината ми приредија незаборавен пречек. Имајќи предвид дека јас сум херој на целиот крај и заштитник на децата, како и што се жртвував во име на сите нив, а за доброто на децата, тие ми кажа дека засекогаш ќе ми бидат благодарни. Бев трогната. Никогаш не сум доживеала ништо поубаво“, изјавила Сара за The Sun.