ЕУ го зголеми производството на муниција за 30 отсто: „Ќе ја исполниме нашата цел“

Европскиот комесар за внатрешен пазар Тиери Бретон денеска на состанокот на министрите за одбрана изјави дека производството на муниција во ЕУ скокнало за 30 отсто во 2023 година.

„Од февруари 2023 година, има значително зголемување на производството на муниција, така што ја постигнавме нашата цел да произведуваме еден милион гранати годишно“, рече Дретон, додавајќи дека економскиот блок се приближува кон таа бројка.

Без разлика, тој додаде дека тоа автоматски не значи дека ќе се реализираат сите ветени испораки во Украина.

Сега кога се зголемени воено производствените капацитети, останува на поединечните земји-членки да ги „исполнат нарачките“ и да му обезбедат на официјален Киев ветеното, објасни Бретон, пренесува Teletrader.