Конференција на ОБСЕ во Скопје, 30 ноември неработен ден

Поради конференцијата на ОБСЕ што ќе се одржи во Скопје, 30 ноември (четврток) ќе биде неработен ден, додека на 29 ноември (среда) администрацијата и училиштата во Скопје ќе работат до 12 часот.

Ова го соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи преку објава на Фејсбук.

„30 ноември (четврток) ќе биде неработен ден, додека 29 ноември (среда) ќе сe работи до 12 часот за администрацијата и основните и средните училишта во град Скопје поради големата министерска конференција организирана од Министерството. за надворешни работи. Ви благодариме на разбирањето!“, напиша Османи.

Инаку, конференцијата на ОБСЕ во Скопје ќе биде прва од ваков вид во историјата на Северна Македонија, а државниот буџет ќе го чини меѓу 5 и 8 милиони евра.