ПОЧИНА АЛЕКСЕЈ НАВАЛНИ – Најжестокиот критичар на Владимир Путин

Руската затворска служба објави дека починал најголемиот критичар и противник на претседателот на Русија, Владимир Путин, Алексеј Навални.

На 16.02.2024 година во воспитно-поправната колонија бр.3, осуденикот А.Навални се чувствуваше лошо по прошетката, губејќи свест речиси веднаш“, се наведува во соопштението.

Веднаш пристигнаа медицинските работници од установата и повикана е екипа на Итна медицинска помош“, се додава во соопштението.

слика
Соопштението со кое се потврдува смртта на Алексеј Навални

Во меѓувреме, портпаролот на КремљДмитриј Песков, ја потврди информацијата.

Имаше некои извештаи дека се работи за згрутчување на крвта“, го прашаа новинарите Дмитриј Песков, на што тој одговори: „Не знам, тоа допрва треба да го потврдат медицинските тимови“.

Кој е Алексеј Навални ?

Роден во семејство на сопственици на фабрики во село западно од Москва, Алексеј Навални пораснал и стана можеби најистакнатиот критичар на времето и политиките на Владимир Путин.

Неговиот политички активизам, вклучувајќи опсежни истраги за корупција на високо ниво, како и еднократна кандидатура за градоначалник на Москва, му донесе слава во Русија. Многумина веруваа дека на слободни избори тој ќе претставува голема закана за господинот Владимир Путин.

Во август 2020 година, неговата политичка борба стана позната во целиот свет. Тој доживеа труење на летот од Сибир до Москва, а потоа, сè уште во кома, бил префрлен во Берлин.

Тимот на Алексеј Навални тврдеше дека нивниот политички лидер бил отруен, што Кремљ упорно тоа го негираше.

Германските доктори потврдија дека тој бил отруен со „Новичок“ – нервен агенс од советската ера. Закрепнувањето траеше со месеци.

И покрај опасноста, Алексеј Навални одлучи да се врати во Русија, каде што подоцна беше уапсен и на крајот осуден под обвиненијата за кои тврдеше дека се политички мотивирани. Тој остана во руските затвори до својата денешна смрт.