23-ГОДИШНО МОМЧЕ ОД КИЧЕВО НАПАДНАЛ ПОЛИЦАЕЦ – Службеникот кој извршувал службени дејствија се здобил со тешки телесни повреди

Полицијата го лишила од слобода Л.З. (23 г.) од кичевското село Длапкин Дол. Лицето вчера во 8.10 часот на кружен тек од магистралниот пат А2 и улица „Борис Кидрич“ во Кичево, со патничко возило „OPEL“ со охридски регистарски ознаки удрило во полициски службеник кој извршувал службени дејствија, регулација на сообраќајот.

Како што информира денеска МВР, полицискиот службеник се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Кичево.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, најави МВР