ЕУ пратеник се закани: „Ако не престанете, Словените ќе се обединат и ќе ја срамнат Западна Европа со земја“ 

Словачкиот европратеник Мирослав Радачовски во својот говор во Европскиот парламент изјави дека украинскиот конфликт е проблем на САД.

„Ако не престанете да ја снабдувате Украина со оружје и да убивате Словени, ние Словените ќе се обединиме како браќа и верувам дека ќе се обединиме и ќе ја срамниме со земја Западна Европа. Сигурен сум дека никој овде не го сака тоа“, рече Радачовски и додаде. :

„Украинскиот конфликт е проблем на САД, тоа се нивни интереси. Европската унија ќе стане вазал на Соединетите држави. Мора да започнеме мировни преговори без американско учество. Мора да го запреме ова убиство“.