– Европската Унија (ЕУ) во петокот санкционираше уште седуммина руски државјани и пет правни субјекти поради наводно учество во кампањата за дезинформации на интернет во вид поддршка на војната во Украина.
Европскиот совет соопшти дека обвинил седуммина руски државјани и пет правни субјекти за водење кампања на манипулирање со дигиталните податоци што „имаат цел искривување на информациите и ширење пропаганда во прилог на руската агресија против Украина.“
Кампањата вклучува лажни интернет-страници на националните медиуми и на Владата на Русија, како и лажни профили на социјалните мрежи.
„Наша цел се сите оние што вршат манипулации со информациите и мешање во рамките на ширење на хибридна кампања на Русија против ЕУ и земјите членки“, наведува во соопштението високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жосеп Борел.