– ЕУ ќе свика кризен состанок на Интегрираниот политички кризен одговор (ИПЦР) поради земјотресите што ги погодија Турција и Сирија.
На средбата ќе стане збор за координација на мерките за поддршка на ЕУ за погодените региони, јавува Би-Би-Си.
Состаноците на ИПЦР вообичаено се вклучуваат релевантни институции на ЕУ и претставници од сите земји членки
ЕУ најавува дека ќе формира и во Турција испрати тимови за пребарување и спасување, а воедно на располагање ќе ги стави и услугите на сателитскиот систем Коперник.
Претходно, шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, и еврокомесарот за управување со кризи, Јанез Ленарчич, изјавија дека ЕУ е подготвена да им помогне и на погодените во Сирија преку своите програми за хуманитарна помош.
Во денешниот силен земјотрес во јужна Турција, со јачина на ударот од 7,8 степени по Рихтеровата скала, што предизвика сериозни штети и во соседна Сирија, досега се регистрирани најмалку 2.300 загинати.
Шефот на турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби изјави дека во таа земја загинале најмалку 1.498 луѓе, а 8.533 се повредени.