ЕУ смета дека авиони Ф-16 ќе завршат на украинскиот фронт

Тоа што САД дадоа зелено светло на украински пилоти да им се овозможи обука за летање на Ф-16, создаде моментум што неизбежно ќе донесе борбени авиони на украинскиот фронт, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

  • Знаете, секогаш е исто, разговараме, на почетокот сите се колебливи, изјави Борел.

Тој даде пример за долгата дебата и првичното противење за испраќање напредни борбени тенкови Леопард во Украина. Борел рече дека обуката за украинските пилоти веќе е започната во Полска и во некои други земји.

Таква обука планираат и Холандија, Данска и други земји.

Не е донесена одлука за вистинската испорака на борбени авиони од четвртата генерација, но сегашната обука на пилоти, процес кој обично трае неколку месеци, ќе помогне да се забрза борбената готовност откако ќе се донесе формална одлука.