ЕУ ќе испрати мисија која ќе ја оценува работата на Судскиот совет

Европската унија ќе испрати евалуациска мисија во Македонија за работата на Судскиот совет, по серијата скандали и нарушувања во последните месеци. Ова го објави европскиот амбасадор Дејвид Гир во интервју за ТВ Телма.

Гир рече дека тоа е веќе предложено до Владата и се надева дека ќе се спроведе што поскоро, бидејќи како што вели мора да се регулира работата на Судскиот совет.

„Мислам дека турбуленциите се вистинскиот збор за тоа. Ние внимателно го следиме ова со голема загриженост. Судскиот совет мора да има многу значајна улога. Таа мора да ја заштити и промовира независноста, професионалноста и интегритетот на судството. Ова е негова работа. Јасно е дека тоа не е направено. И она што го видовме неодамна е навистина. Последните случувања се многу вознемирувачки. Толку што поради оваа причина и предложивме на Владата да формира евалуациска мисија на високо ниво за Судскиот совет овде, да најде начини да одговори на прашањата за професионалност, интегритет и независност, за да можат да ја завршат неговата работа во иднината“, вели Гир.