Над половина од личните документи се сменети и го носат новото име „Северна Македонија“

Министерот Оливер Спасовски, кој престојуваше во Тетово во рамки на активноста „Отворен кабинет“, информираше дека се сменети повеќе од половина од личните документи на граѓаните, каде наместо Република Македонија, стои новото уставно име Република Северна Македонија што произлезе од Преспанскиот договор.

Министерот информираше и дека до крајот на годинава ќе има униформи на два јазика за полицајците.