Во денешно време седаните не добиваат многу внимание и љубов, повеќето од нив се веќе во „пензија“ за да се ослободи производствениот капацитет за популарните теренци, но тоа не важи за луксузните седани на Mercedes, меѓу кои се издвојува класата Е.
Mercedes не направи големи промени во случајот на E-Class за моделската 2024 година, но го освежи својот изглед и понуди нови, поефикасни мотори со хибридна технологија. Но, од технолошка страна, E-Class е „натоварена“ со интересни технолошки трикови и „играчки“, пишува Engadget.
Е-класата стана првиот автомобил на Mercedes со селфи камера, но и првиот автомобил во светот кој нуди пристап до TikTok, WebEx и Zoom преку контролната табла.
Автомобилот е опремен и со бројни системи за помош на возачот и сите луксузни карактеристики што се очекуваат од Mercedes.