ЖАЛНА ВЕСТ – Почина поранешниот боксерски шампион! Украинецот е трет спортист што го загубил животот на военото поле: Бил два пати ранет…
Војната помеѓу Украинците и Русите продолжува со несмалено темпо и истата секојдневно одзема нови и млади животи на двете страни.
Украинскиот боксер Максим Галинчев почина на 10. март, а веста за неговата смрт пред шест дена на семејството му ја потврди и официјален Киев. Загинал во областа Луганск, во битките кај градот Червопопвка.
Според украинските медиуми, Максим Галинчев бил шампион на младинското Европско првенство во 2017 година а освоил и сребрен на младинските Олимписки игри 2018 година, како и сребрен медал на Европското првенство за боксери до 22 години во 2021 година.
Роден е во градот Шостка во регионот Суми, а подоцна живеел во Киев и Керсон. Во мај 2022 година, тој волонтирал за украинската армија и одбил да учествува на ЕП. Двапати бил ранет, но секој пат се враќал во својата единица.
Боксерската федерација на Украина изрази сочувство до семејството на Максим Галинчев. Спортистот зад себе остави 9-годишна ќерка Василиса.
Украинските медиуми пред неколку дена објавија дека загинале уште двајца спортисти. Во борбите околу градот Бахмут биле убиени атлетичарот Роман Полишчук и ракометарот Роман Прониук.