ЖЕЛБИТЕ СЕПАК ЗА НЕКОЈ СЕ ОСТВАРУВААТ! Интернетот полуде по бакнежот на Хари Стајлс и сексапилната Емили, а сега се појави интересно видео: “Осум години ја сонував неа!“ (видео)

Интернетот буквално се „запали“ за бакнежот на пејачот Хари Стајлс и манекенката Емили Ратајковски на улиците во Јапонија, а обожавателите успеаја да „откопаат“ видео старо осум години во кое поранешниот член на групата One Direction го прашуваат „која славна личност најмногу ја посакува“.

Емили Ратајковски“, срамежливо одговорил Стајлс во видеото, погрешно изговарајќи го нејзиното презиме. Одговорот популарниот пејач го даде за време на интервју во декември 2014 година

Ова беше очигледно намерата на Хари цело време“, напиша подкастерката Аманда Хирш на својот Инстаграм профил во неделата.

Обожавателите брзо го проширија откритието, велејќи дека „соништата навистина се остваруваат“. Нагласуваат и дека се радуваат за Стајлс. Сепак, некои коментари сугерираа дека Ратајковски, позната по улогата во филмот „Gone Girl“, е неверојатно слична на поранешната девојка на СтајлсКендал Џенер, со која се пејачот се гледаше со години, пишува Daily Mail.

Емили Ратајковски

Бакнежот на овие ѕвезди е само продолжение на љубовната драма која започна со раскинувањето на Џејсон Судеикис и Оливија Вајлд, која го остави актерот за десет години помладиот Стајлс, а по огромни расправии, судири и драматични испади, Стајлс и таа раскина.

Стајлс, кој е во Токио среде неговата „Љубов на турнеја“, се појави во црно палто и панталони. Од друга страна, Ратајковски се одлучила за малку пожива комбинација во розова „пуф јакна“ која ја носеше преку кроп-топ и долго црно здолниште.

Имено, овој пар заврши заедно откако Стајлс ја напушти Оливија Вајлд во ноември минатата година, а Ратајковски поднесе барање за развод од Себастијан Бер-МекКлард, со кој го доби двегодишниот син Силвестер. Оттогаш, таа е забележана како се дружи со Бред Пит, комичарот Пит Дејвидсон и многу други мажи, а врската со Стајлс е очигледно свежа.

Не долго откако интимното видео на Хари и Емили го виде светот, на социјалната мрежа ТикТок се појави фотографија од поранешната девојка на Стајлс, гореспоменатата Оливија Вајлд. Таа била фотографирана со Емили како стојат еден до друг и ги пеат неговите песни за време на настапот во јуни минатата година.