ОВА Е АВИОН ВО КОЈ ЗАГИНА ПРИГОЖИН: Лидерот Вагнер се најде на списокот на патници 

Авионот летал од Москва за Санкт Петербург

Десет лица загинаа во падот на приватен авион во областа Твер, северно од Москва, јави Тасс, а пренесе Ројтерс.

Руската управа за цивилно воздухопловство соопшти, според истите медиуми, дека на списокот на патници на соборениот авион се наоѓа и шефот на Вагнер групата, Евгениј Пригожин.

Авионот летал од Москва за Санкт Петербург. Од Министерството за вонредни состојби соопштуваат дека се работи за деловен авион Embraer ERJ-135, додека на Телеграмскиот канал 112 е наведено дека регистарскиот број на авионот е RA-RA-02795.