Говорот на телото е многу важен, затоа слушајте што се обидува да ви каже партнерката и на што ве наведува. Ова се сигналите со кои покажува дека сака секс:
Имено, сајтот за запознавање IllicitEncounters.com анкетирал 2.000 свои корисници како ја започнуваат сексуалната игра и направил листа со најчестите одговори од мажите и жените.
Анкетата е ограничена бидејќи на прашањата одговориле членовите на страницата што ги зближува луѓето, па нивните ставови можеби не се репрезентативни. Дефинитивно, клучот е секогаш комуникацијата, па општ совет е да го прашате партнерот како би сакал да иницира и како вие да иницирате. А, погледот на најчестите одговори ви дава навестување што да очекувате.
Како жените даваат дознаење дека сакаат секс?
– Долги сугестивни бакнежи и насмевка;
– Прашуваат: Дали сакаме да водиме љубов?;
– Носат провокативна долна облека;
– На партнерот му праќаат секси фотографија;
– Раката им се ,,лизга” по меѓуножјето на партнерот;
– Се соблекуваат пред партнерот;
– Тие легнуваат голи, а најчесто спијат во пижами;
– Го местат алармот на часовникот за „утринска акција“;
– Романтична вечер дома;
– Појадок во кревет.