Чуварите ги прегледаа снимките од видео надзорот
Необичен случај е забележан на 28 април во Тајланд, каде жена заведувала возач на минибус, па го дрогирала и ограбила.
Несреќниот маж го пријавил немилиот настан во полиција, а Роцукон Месомсак (59) се предала неколку дена подоцна, пренесува АП .
Син Џинданет (68) ја сретнал жената додека возел, а таа го поканила на пијачка. Жртвата немала поим дека во чашата за пиво има апче за спиење .
Возачот бил пронајден во несвест, по што бил пренесен во болница на испирање. Откако закрепнал, тој поднел пријава во полиција.
Чуварите ги прегледале снимките од CCTV и се верува дека Џинданет бил издвоен поради неговата возраст и накитот што го носел.
„Ги виде ланчето, прстенот и амајлијата, можеби долго го гледаше. Таа се спријателила со него, го дрогирала и ограбила“, било објавено.
Локалните медиуми ја опишуваат осомничената како „згодна жена“, а таа се предала на 6 мај, тврдејќи дека „чувствувала притисок од полициската истрага“.
Таа, наводно, признала дека го дрогирала возачот, по што со такси тргнала во родната провинција Самут Пракан.
Таа тврди дека ги продала повеќето од украдените предмети, освен амајлијата , за да ги отплати коцкарските долгови во Камбоџа.
Полицијата истражува дали Месомсакова „оперирала“ на ист начин и во другите провинции на Тајланд. Таа неодамна била ослободена од затвор за слични кривични дела.