Жена која била бремена седум години го чека своето десетто дете

Австралијанката Клои откри дека го очекува своето десетто дете. Среќната вест ја објави на Инстаграм, каде сподели видео во кое и се придружија сопругот и нивните девет деца.

Бебето број 10 ќе пристигне во февруари 2024 година“, најави таа и доби бројни честитки, но и неколку критики.

„Неодговорно“, напиша едно лице.

„Можете да родите 20 деца, но тешко дека ќе можете да поминете квалитетно време еден на еден со секое. Нема шанси да сте посветени на секое дете“, верува друг.

„И така се создаваат семејства каде децата воспитуваат деца“, коментира третиот.

Клои помина седум години по ред бремена. Секоја бременост ја планирала, но не очекувала дека ќе роди близнаци и тројки.