ФОТО | Третиот најбогат човек во светот е навистина заљубен: Лорен Санчез и покажа на јавноста како Џеф Безос се грижи за неа!

Нововерената свршеница на милијардерот Џеф Безос, Лорин Санчез, објави фотографија на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм на која се бакнува со партнерот во образ додека ужива на романтична вечера.

Едноставно те сакам“, напиша таа во описот на објавата.

Во оваа прилика таа се одлучила за бел фустан кој го истакнува нејзиното бујно деколте, додека Џеф Безос позирал во кратка сива маичка. Инаку, парот неодамна ја напуштија Хрватска, каде што останаа една недела.

Џеф Безос
Џеф Безос и Лорин Санчез

Да потсетиме, основачот на Amazon се заљубил во „најомразениот љубовник“ уште додека бил во брак со Мекензи Скот со која има четири деца. Во тоа време, Лорин Санчез беше во брак со Патрик Вајтсел. Тогаш нивниот љубовен триаголник предизвика вистински медиумски скандали.