Неверојатен интерес има за натпреварот помеѓу Партизан и Реал кој ќе се одигра во вторник на 2 мај во белградската Арена во рамките на четвртфиналето на Евролигата.
Црно-белите славеа на првиот натпревар во Мадрид, а во четвртокот победија и во вториот контроверзен натпревар.
Колку навивачите на Партизан се очајни во потрагата по билети, покажува огласот објавен денеска на порталот „kupujemprodajem“.
Навивач на Партизан буквално напиша: „Жена ми ја давам за карта Партизан – Реал Мадрид. Кошарка. Итно“.
Ќе биде интересно да се види дали ќе успее да дојде до билет.
Пред Арената денеска река навивачи на Партизан ја чекаше продажбата на влезниците за овој натпревар, но само мал дел од нив успеаја да купат парче хартија во вредност од злато.