НЕСПЕШЕН ОБИД – Украинците сакаа да извршат атентат над Путин со лансирање на беспилотно летало камиказа?

Целата наводна мисија на украинската тајна служба завршила неуспешно бидејќи дронот натоварен со 17 килограми експлозив паднал на неколку километри од целта, во близина на индустрискиот парк Руднево.

Откако украинските сили, наводно, лансирале беспилотно летало UJ-22 со 17 килограми експлозив оваа недела, се поставуваат прашања за тоа која била неговата цел. Германскиот Билд пишува дека дронот требало да удри во новоизграден индустриски кварт недалеку од Москва што требало да го посети рускиот претседател Владимир Путин.

Имено, целата наводна мисија на украинската тајна служба завршила неуспешно бидејќи дронот паднал на неколку километри од целта, во близина на индустрискиот парк Руднево. Токму тоа го тврди украинскиот активист Јуриј Романенко, кој во објава на Твитер изјави дека дронот патувал со причина, а тоа е затоа што „украинските тајни служби добиле информација дека Путин ќе го посети индустрискиот парк“.

„Путине, се приближуваме. Успеав дури и да добијам план за рута околу паркот“, рече тој. „Оваа информација беше директно потврдена од личниот соработник на Путин, Зарубин преку Телеграм, па тргнавме со беспилотно летало камиказа кое успеа да помине низ руската противвоздушна одбрана и да падне недалеку од паркот. Со оглед на тоа колку Путин е опседнат со сопствената безбедност, оваа приказна може да има големи последици за Кремљ“, рече тој.

Инаку, беспилотното летало оваа недела падна недалеку од селото Ворокого, а потоа беа објавени фотографии од местото каде што падна. Во понеделникот беше објавено дека на 23 април во близина на градинарската задруга Зарија во областа Богородск е пронајден соборен дрон од украинско производство натоварен со експлозив.