Момче во САД пронајдено во устата на алигатор Полицијата: Починал од давење, татко му го убил

Двегодишниот Тејлен Мозли е пријавен за ИСЧЕЗНАТ откако неговата 20-годишна мајка Пашун Џефери (20) била пронајдена мртва во нејзиниот стан во градот Св. Петербург, Флорида. Телото на момчето било пронајдено на 31 март во устата на алигатор во езерото Маџоре.

Полицијата соопшти дека двегодишното дете го ставил во езерото неговиот татко Томас Мозли (21), кој е обвинет за двете убиства. Медицинскиот преглед на округот Пинелас вчера потврди дека 2-годишното дете починало од давење. Неговиот татко наводно го „фрлил или испуштил“ во езерото, нанесувајќи му „смртоносни повреди“, пренесува Си-Ен-Ен. 

Мајката била пронајдена со повеќе од сто убодни рани или расекотини

Ноќта пред да биде пронајден Џефери, Мозли наводно отишол во куќата на неговата мајка со „тешки исеченици на рацете“. Семејството на Џефери одлучило да ја провери и ја затекнало со „повеќе од сто убодни рани или исекотини“, се вели во обвинението. Момчето не било до неа, па полицијата започнала потрага. 

Следниот ден, во блискиот парк бил забележан алигатор со нешто во устата. Полицијата испукала еден куршум кон него за да го принуди да ја ослободи содржината од устата, за која подоцна се испоставило дека е недопрено тело на момчето. По тој инцидент алигаторот бил евтаназиран.