Жена од Еквадор оживеала додека ја подготвувале за погреб: Почнала да ја движи раката и да ги отвора очите

„Полека го обработувам она што се случи.”

Болницата во Еквадор ја прогласила за мртва 74-годишната Бела Монтоја во петокот. Таа била примена во болница поради последици од срцев удар. Лекар од болницата Мартин Иказа во петокот напладне му го предадел телото на семејството. Неколку часа подоцна, семејството го отворило ковчегот и сфатило дека жената се уште дише.

Бела останала во ковчегот од 14 часот до 18:30 часот, кога семејството го отворило ковчегот за да го подготват телото. Тогаш сфатиле дека жената се уште дише. „Мајка ми е на кислород. Нејзиното срце е стабилно. Докторот ја штипна за рака и таа реагирала. Ми велат дека е добро затоа што тоа значи дека таа реагира малку по малку“, вели нејзиниот син Гилберт Балберан. „Ни дадоа дури и потврда за смртта“. 

“Мама почна да ја движи левата рака, да ги отвора очите, устата. Се бореше да дише”, рекол нејзиниот син Гилбер. „Тоа што се случи го обработувам малку по малку. Сега сакам само да се подобри здравјето на мајка ми. Ја сакам жива и со мене“. Жената се уште е на одделението за интензивна нега и е под медицински надзор, пренесува  Ел Универзо . Сè уште нема официјално објаснување, ниту од болницата ниту од Министерството за здравство за случајот.