,,Жена од султана” го покажа момчето!? Еве кој е султанот кој ѝ го освои срцето (ФОТО)

Пејачката Тијана Милентијевиќ попозната како Тијана Ем или „Zena od Sultana“ откри дека има момче и дека е среќна и заљубена.

Сепак, иако сè уште не сака официјално да го претстави во јавноста, на Инстаграм објави фотографија со мистериозен маж, со кој изгледа дека има многу повеќе од пријателство.

Момчето со кое објави селфи фотографија и со когп се гушкаше се вика Никола. Пејачката истакна дека нивната врска не траела долго, не прецизирајќи кога започнала романсата, но јасно е дека ужива во неговото друштво судејќи по фотографиите.

Парот бил на забава во друштво на пријатели во градот Рожаје. Тијана за време на патувањето објави и видео на кое седи со шолја кафе на совозачкото седиште, давајќи до знаење дека ужива во изгрејсонце додека вози.

– Во врска сум, да, не трае долго, но се надевам дека се ќе остане како што е. Среќна сум, заљубена и исполнета. Важно ми е да е интересен, да ме почитува и да ме насмее – изјави неодамна Тијана.