Монструмот си пукал во глава: Објавена фотографија од мртвиот убиец од Градачац! Страшна сцена на фармата! (вознемирувачка содржина)

Нермин Сулејмановиќ, троен убиец од Градачац, си пукал во глава зад воланот на БМВ, како што може да се види на фотографијата која во вторникот ја објави Аваз.

Додека на социјалните мрежи се шират теории на заговор дека лудиот троен убиец од Градачац е жив и дека наводно побегнал во Италија, Аваз објави фотографија со која потврдува дека Сулејмановиќ се самоубил кобниот ден, опкружен од полиција!

На фотографијата се гледа дека Сулејмановиќ се самоуби во БМВ паркирано пред фарма во Доња Леденица.

Аваз претходно објави дека никој не сака да го земе неговото тело од мртовечницата во Тузла, па ни неговиот татко, па не се знае кога ќе биде погребан.

Нермин Сулејмановиќ, да потсетиме, во петокот ја уби својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ и таткото и синот Ѓенгиз и Денис Ондер. Тој на Инстаграм го емитуваше бруталното убиство на сопругата Низама.