Подгответе се за пекол! Јули најтоплиот месец а експертите предупредуваат: Ќе се влоши, мајката природа ни испраќа порака

„Повеќе од 40 отсто од океанот моментално е под морски топлотен бран“, предупреди Капник.

Има околу 50 отсто шанси 2023 година да биде најтоплата година досега, а 2024 година се очекува да биде уште полоша, прогнозираа во понеделникот научниците од американската влада.

Досега, 2023 година е трета најтопла година досега, рече Сара Капник, главен научник на американската Национална управа за океани и атмосфера (NОАА). А веројатноста дека ќе стане најжешкa е „речиси 50 проценти“, додаде таа.

Покрај глобалното затоплување, за тоа придонесува и цикличниот феномен Ел Нињо, синоним за дополнително глобално затоплување, кој ја загрева површината на океаните. Треба да трае и по следната зима, предвидуваат експертите.

– Најсилното влијание на Ел Нињо ќе се случи во 2024 година – изјави климатологот на NАСА Гевин Шмит.

– Затоа, очекуваме не само дека 2023 година ќе биде исклучително жешка, а можеби и рекордна, туку и дека 2024 година ќе биде уште пожешка.

И двајцата зборуваа на прес-конференција посветена на анализа на глобалните температури забележани минатиот месец, за кои NOAA потврди дека е рекорден месец.

Јули 2023 година беше најтоплиот месец досега забележан на земјата, потврди Европската служба ,,Коперник” минатата недела.

– Важно е да се запамети дека оваа година ќе биде свежа во споредба со средината на векот ако продолжиме да ја загреваме нашата планета со емитување на ефектот на стаклена градина – истакна Сара Капник.

Температурата на површината на океанот е особено вознемирувачка за научниците: постигна рекорд четврти месец по ред, според NOAA.

– Повеќе од 40 отсто од океанот моментално е под морски топлотен бран – предупреди Капник.

Ова има потенцијално катастрофални последици за видовите што живеат таму, особено за коралите.

– Мајката природа ни испраќа порака, а таа порака е: подобро да дејствуваме сега, пред да биде доцна да ја спасиме нашата клима, односно, со други зборови, да ја спасиме нашата планета – изјави шефот на NАСА, Бил Нелсон.