Жена од Скопје денеска пријавила дека на 19 мај на час во основно училише во Карпош по претходно недоразбирање меѓу нејзиниот малолетен син и негов соученик, наставникот го поттикнувал другиот малолетник физички да го нападне нејзиното дете.
Според пријавеното, како што соопшти МВР, малолетникот на 19-ти месецов во училишниот двор го турнал нејзиниот син, по што настанот е пријавен кај училишниот психолог. Истиот малолетник, според пријавителката, подолг период ги малтретирал и нејзините други два сина кои учеле со него.
-Се преземаат мерки за расчистување на случајот, наведуваат од МВР.