Жена секоја недела од маркет купувала по 100 краставици, а сопственикот полудел и и забранил: Кога ја прашале зошто го прави тоа – сите останале во шок

Приказната за Лиза Фернс (49 г.) од англискиот град Кирби беше во центарот на вниманието на медиумите на почетокот на годината.

Оваа жена купувала по 100 краставици секоја недела во познат трговски синџир, а потоа и било кажано дека повеќе не може да го прави тоа.

Мајката на две деца за локалните медиуми изјавила дека и пришол менаџерот на продавницата и и „забранил“ да купува краставици.

Секоја недела, веќе три години доаѓам во продавница во 10 часот наутро, бидејќи ми требаат свежи краставици. Менаџерот истрча одзади, кажа дека купувам премногу овошје и зеленчук и дека не може така“, изјавила таа еднаш.

Таа се пожалила дека морала да посети три различни продавници за да ги земе краставиците, објави Daily Star.

Лиза Фернс го користи популарниот зеленчук за да ги направи соковите за детоксикација што ги продава. Таа открива дека секоја недела троши околу 60 евра на шопинг.

Луѓето обично ме гледаат чудно и веројатно се прашуваат што правам“, додала таа.

Откако приказната на Лиза Фернс се појави во медиумите, се огласи и претставник на малопродажниот синџир, кој посочи дека тие не се продавачи на големо.

Како супермаркет сакаме да обезбедиме сите клиенти да имаат пристап до производите што им се потребни и затоа, за жал, не можеме да го олесниме купувањето на големо“, појаснил менаџерот.