ЖЕНА СЕ ДРЖЕЛА ЗА СТОЛБ ЗА ВРЕМЕ НА НЕВРЕМЕТО А ПОТОА НАЕДНАШ СЕ ПОЈАВИ ТОЈ! Драматично видео од невремето кружи низ мрежите: „Навистина изгледаше катаклизмично…“ (ВИДЕО)

Херојски чин!

Силното невреме во изминатите неколку дена го зафатија подрачјето на Словенија, Хрватска и Србија. Исто така, торнадото носеше се пред себе во Италија . Метеоролозите за денеска најавуваат и невреме пропратено со грмежи и дожд.

Драматичните видеа кои кружат на социјалните мрежи го опишуваат целиот хорор кој речиси никогаш не е виден на овие простори.

На TikTok каналот „загребинфо“ беше објавено застрашувачко видео од невремето, како и херојскиот чин на еден маж кој спасил жена која поради силното невреме се залепила за столб и најверојатно чекала да престане ветрот или некој да и помогне .

Погледнете го клипот:

@crokingclub

#fyp #viral #nevreme #zagreb #bozepomozi🙏 3 ljudi su pokinili uz ovu katastrovu🙏🙏

♬ Džanum – Teya Dora

За среќа, ненадејно се појавил маж кој ја спасил оваа жена и ја однел на безбедно.

„Непознат херој спаси жена која се закачи за бандера среде невреме во Средњаци“ – гласи описот на ова видео.

Како што пишуваат хрватските медиуми, жената се враќала од работа кога на пат кон дома ја зафатило невреме кое ја спречило да се движи.

– Едвај одев до знакот, ни од таму не можев да се движам. Околу мене летаа гранки, паѓаа дрва, навистина изгледаше катаклизмично – рече таа.

За нејзина среќа, непознат млад господин го запрел својот автомобил откако ја видел жената како се држи за знакот и успеал да ја однесе на безбедно.