Жена тужи ресторан поради бизарна причина: Бара отштета од 50.000 евра, а за се е виновно парче пршута

Се наведува дека жената претрпела бројни последици и физички и финансиски и психички.

Алис Коен и нејзиниот сопруг Роналд го тужеа познатиот италијански ресторан „Етали“ во Бостон, барајќи судење од поротата и отштета од најмалку 50.000 долари, сето тоа поради парче пршута што на Алис и нанесе бројни финансиски и здравствени проблеми.

Имено, парот минатата година бил во Пруденцијалниот центар кога се случил инцидентот. Во Еатали се делела храна за дегустација, а во тој дел Алиса згазнала, се лизнала на парче пршута и си го скршила левиот зглоб. Во тужбата против ресторанот навеле дека се здобила со физички повреди, ја изгубила животната радост, а настрадала и физички и емотивно.

Наведоа и медицински трошоци за болничко лекување и физикална терапија, кои според приложените документи изнесуваат повеќе од 7.500 долари. Парот во тужбата тврди дека ресторанот бил невнимателен со неправилно чистење на просториите.

„Тие треба да се погрижат подните површини да бидат безбедни од непотребни опасности, да имаат должност да ја одржуваат безбедноста и да предупредуваат за потенцијални опасности“, се наведува во тужбата, пренесува NBC Boston.

Роланд изјавил и дека повредата на неговата сопруга се одразила на нивниот живот и врска и дека поради повредата не можела да му пружи љубов, утеха, поддршка, да ги извршува домашните работи и не можеле да имаат интимни односи.