Маск и австралискиот премиер во онлајн расправија за снимки од терористички напад

Австралискиот премиер Ентони Албанез го нарече Илон Маск арогантен милијардер, откако неговата платформа X го одложи отстранувањето на снимките од минатонеделниот напад во Сиднеј.

Австралискиот суд вчера му нареди на X (поранешен Твитер) да ги отстрани видеата од настанот. Х претходно најави дека ќе ја отстрани наведената содржина по законска одредба, пишува Би-Би-Си.

Маск во меѓувреме објави меме во кое ја обвинува владата за цензура.

Албанез денеска за Еј-Би-Си изјави дека Маск е арогантен милијардер кој мисли дека е над законот и пристојноста.

Независен интернет регулатор минатата недела им се закани на X и другите компании за социјални медиуми со високи казни доколку не ги отстранат видеата од нападот со нож во црквата Христос Добриот Пастир, кој полицијата го прогласи за терористички чин.

X тврдеше дека оваа одредба не е во опсегот на австралиското право. Регулаторот потоа побара судска забрана за објавување на спорните снимки, а набрзо дојде до расправија на социјалните мрежи и во медиумите.

„Би сакал да го искористам овој момент за да му се заблагодарам на премиерот што ѝ посочи на јавноста дека оваа платформа е единствената што ја покажува вистината“, напиша Маск. Тој претходно ја критикуваше австралиската комесарка за безбедност на Интернет, Џули Инман Грант, опишувајќи ја како „австралиски комесар за цензура“.

Албанец застана во одбрана на Инман Грант, велејќи дека таа ги штити граѓаните на Австралија.

– Социјалните медиуми мора да бидат и општествено одговорни. Тоа не е случај со Маск“, додаде тој. X мора да ги отстрани спорните снимки во рок од 24 часа по одлуката на судот.