Кантарионот е повеќегодишно растение со исправено и влакнесто стебло високо од 30 до 40 см, кое расте од вретеносен корен. Листовите се сребрено-бели, покриени со густи бели влакна.
Цветовите се бели и групирани во мали гроздови без стебленца. Тоа е вообичаено растение во Централна и Северна Европа. Растението се бере во цут, без корен. Припаѓа на најстарите лековити растенија, кои се во употреба уште од древниот Египет. И покрај тоа, не е многу истражено, односно нема многу научни докази за неговото дејство.
Лековит дел од растението: Целото растение се собира за време на цветањето. Се суши во сенка.
Лековито дејство: Единствено е од првокласните растенија што помага при белодробни заболувања, пост-грип, почетна фаза на туберкулоза и треска. Успешно се користи во лекување на нервни заболувања, воспаленија на дишните органи, кашлица, воспаленија на желудникот, жолтица и женски болести.
Од античко време се користи и за неплодност кај жените. Отсекогаш се користел за нормализирање на менструацијата и самиот циклус, односно за балансирање на хормоните. Од оваа билка се прави чај, кој според „народниот рецепт“ треба да се пие три пати на ден, по една чаша во време кога жената сака да забремени.