Жените кои сакаат да го задржат својот атрактивен изглед треба да раѓаат само две деца

Откако ќе ја прочитате оваа студија, веројатно ќе ја изгубите желбата да имате многу деца

Тоа е затоа што студијата на над 500 луѓе процени фотографии од жени во постменопауза и откри дека оние со помали семејства изгледаат попривлечно.

Жените беа поделени во три категории, во зависност од бројот на деца: Жени со 1-2 деца; жени со 4-5 деца; и жени со 7-9 деца.

Оние кои родиле 7-9 деца биле оценети како помалку привлечни, постари и помалку здрави, пренесува Телеграфи.

„По анализите и експериментите, видовме дека жените кои ја завршиле фазата на менопауза и имаат малку деца, изгледаат попривлечно, помладо и поздраво од жените кои имаат многу деца“, напишале авторите.

Оваа студија ја поддржува и студијата минатата година од Универзитетот Јеил, која сугерираше дека бременоста го забрзува стареењето.