Жени кои собирале смет за рециклирање во Индија купиле лоз и освоиле над 1,2 милион долари

 Во индискиот град Керала 11 жени, кои од собраните средства купиле лоз, на лотарија освоиле над 1,2 милиони долари.

Според веста што ја објави „Тајмс оф Индија“, 11 жени кои од домови и претпријатија собирале смет за рециклирање за да заработат за живот, на лотарија освоиле 1.215.650 долари.

Добитничките на наградата изјавија дека парите што ги заработиле на лотарија ќе ги потрошат на изградба на куќи, отплаќање долгови и школување на децата и додале дека ќе продолжат да купуваат лозови на лотарија.