Женско тело пронајдено во торба на напуштена автобуска станица (ВИДЕО)

Се сомнева дека била убиена пред околу две недели

Малезиската полиција го истражува случајот со жена чие тело е пронајдено во торба на напуштена автобуска станица.

Случаен минувач пронашол патничка торба во близина на зграда на локалната компанија за дистрибуција на електрична енергија во областа Кулаи.

Полицијата соопшти дека повеќе од 50 отсто од телото е во фаза на распаѓање, па идентификацијата била отежната.

Сепак, првичните податоци укажуваат дека се работи за жена на возраст од околу 25 години која се здобила со повреда на главата. Се сомнева дека била убиена пред околу две недели.

Истрагата продолжува, а локалната полиција ги замоли граѓаните да излезат со какви било информации кои би можеле да помогнат во расчистување на случајот.