Жестоки напади длабоко во Русија, погодена фабрика за оружје

Во текот на денот и синоќа во Русија се слушнале голем број експлозии.

Експлозиите се регистрирани во регионите длабоко во внатрешноста на територијата на Русија, во Смоленска Тула и Орела.

Според руските медиуми, во Тула била нападната фирмата која се занимава со производство на оружје.

Станува збор за компанијата која произведува ракетни системи Панцир-С, како и други оклопни возила на руската армија.

На социјалните мрежи се појавија видеа на кои може да се видат и слушнат експлозии.

Не се знае дали има поголема материјална штета во оваа фабрика.