Живее во замок, цел живот е поврзана со кралското семејство, а сега е осомничена дека е виновна за сите проблеми, ова е убавата маркиза за која зборува цел свет (ФОТО)

Лејди Роуз е главна тема на светските медиуми.

Веста дека поранешната пријателка на Кејт Мидлтон, Сара Роуз Чолмондели, Маркизата од Чолмондели, е причината за заладените односи меѓу сопружниците го обиколи светот пред неколку месеци. Кога ситуацијата изгледаше како да се смири, таа стана уште понапната. Кејт Мидлтон никој не ја видел два месеци, се шпекулира дека е болна, а потоа повторно се актуелизирала старата тема – прељуба. Како главен виновник се споменува Маркизата од Чолмондели.

Сопругата на 23-години постариот Дејвид Роксавиџ, седмиот маркиз од Чолмондели, има 39 години. Сара Роуз Чолмондели (моминско Ханбери) е поранешна манекенка, таа некогаш беше истражувач за конзервативниот пратеник Мајкл Гов. Таа сега е посветена на управувањето со имотот на нејзиниот сопруг.

Двојката за која многу се зборуваше живее со своите три деца – близнаците Александар Хју Џорџ Чолмондели, Ерл од Роксавиџ и Лорд Оливер Тимоти Џорџ Чолмондели, кои имаат 15 години, и ќерката Лејди Ајрис Марина Алин Чолмондели, која има осум.

Нивниот дом е прекрасниот дворец Хоутон хал со 106 соби , изградена за првиот британски премиер, Сер Роберт Волпол, во 1720-тите. Луксузот на ентериерот е нешто за што се пишуваше, а палатата е позната и по пространиот парк во кој живеат бели елени.

Ќерката на Тимоти Ханбери, дизајнер на веб-страници и Ема Ханбери, модна дизајнерка, го запознала својот сопруг на одмор во Италија во 2003 година и ја објавиле свршувачката шест години подоцна.

Лејди Роуз Ханбери со генерации се поврзува со кралското семејство. Нејзината баба по мајка, Лејди Елизабет Ламберт, беше една од осумте деверуши на свадбата на покојната кралица Елизабета Втора со војводата од Единбург, пишува „Independent.co.uk“ .

Таа се школувала во училиштето Stowe Schoo во Бакингемшир, каде што годишната школарина е околу 38.000 фунти. Потоа стана студентка на Отворениот универзитет во Англија. И покрај тоа што има престижно образование, засега не е познато со каква диплома се стекнала додека била на училиште, пишува „Yahoo.com“ .

Таа претходно беше модел во кампањи за брендови, вклучувајќи ги Miu Miu и Poplin London. Кога се пензионирала од манекенството, Роуз накратко продолжила со кариерата во политиката и станала истражувач на Мајкл Гоув, конзервативен член на парламентот, кој во тоа време служел како секретар за образование во сенка.

Гласините во 2019 година велат дека Вилијам и Роуз имале афера за време на неговата врска со Кејт. Војводата и војвотката од Кембриџ наводно се скарале со Роуз, која некогаш била блиска пријателка на Кејт. Гласините оживеаја во 2022 година.

Лејди Роуз ретко дава интервјуа.

„Independent.co.uk“ пренесува дека најверојатно го води профилот на Инстаграм „Houghton Hall“, каде повремено споделува фотографии од нејзиниот сопруг и нивните деца како уживаат во градината.

Британските медиуми пишуваат за нејзините гламурозни тоалети, а многу од нив се користат и за настани поврзани со кралското семејството.

И додека прашањата дали е можно некој да ја изневерува Кејт Мидлтон одамна паднаа во втор план, останува чудењето каде е членот на кралското семејство за кој зборува цел свет? Дали лекарските прегледи и потенцијалните болести се само завеса за архетипскиот мотив на прељубата, кој во случајот на кралското семејство расте до светски размери?