ОВА СЕ СЛУЧИ САМО ПОЛОВИНА ЧАС ПРЕД КРВАВАТО УБИСТВО СО БОРМАШИНА Нови детали од хоророт во Нови Сад

Соседотот на убиената жена и нејзиниот сопруг кој е осомничен за убиство во Нови Сад откри што се случило само половина час пред крвавиот чин.

Тие се сомневаат дека мажот Н.Т.(55) ја убил сопругата Г.(52), а потоа се обидел да се самоубие скокајќи од Клисанскиот мост окован со синџири и врзан за бетонски блок.

Од соседството на ова семејство молчат, единствениот сосед кој сакаше да даде каква било изјава кажа дека овој пар се расправал како и сите други, но не се сомневале дека може да дојде до ова.

  • Ги видов половина час пред трагедијата, ништо не укажуваше на тоа дека ќе се случи таков хорор, внесуваа стока во куќата, бидејќи работеа на пазар – изјави за „Блиц“ соседот.

Според неофицијални информации, телото на несреќната жена го пронашла нејзината ќерка . Брачната двојка имаше две ќерки на 19 и 24 години.

-Беа добро ситуирани, имаа тезга на пазар, продаваа опрема за риболов. Навистина никогаш не слушнавме ништо загрижувачки од нивниот дом – кусо прокоментира соговорникот.

Откако ја убил сопругата со бормашина сопругот скокнал од мост во Нови Сад. Преговорите со полицијата траеја речиси еден час.