Жителите на Галичник во неволја со мечките бараат решение од државните органи

Месната заедница „Галичник“ бара Министерството за земјоделство и Државниот ловен инспекторат да преземат мерки и да дадат упатства како да се однесува месното население, бидејќи се соочуваат со опасност, бидејќи нивното село често го посетуваат мечки.

Во соопштение до јавноста од оваа месна заедница велат дека во Галичник често доаѓаат диви животни и превртуваат контејнери за отпад во потрага по храна.

„Неколку пати официјално се обраќаме до Министерството за земјоделство и до Државниот ловен инспекторат укажувајќи на се поголемиот проблем со присуството на мечки во Галичник. Дописите беа доставени преку архивите на двете институции во 2019 и 2020 година, додека минатата недела се обративме до официјалниот мејл на Инспекторатот“.

„Ги повикуваме надлежните да дејствуваат и да дадат инструкции на локалното население. Домашните диви животни во населените места претставуваат голема опасност за населението“, велат од Месната заедница Галичник.